Славниот бразилски клуб испадна во втора лига: Хаос на трибините, полицаец пукаше во навивач

профимедиа

Крузеиро имаше можност да се спаси со триумф над Палмеираш, но загубија со 2:0 и во следната сезона ќе играат во втората бразилска лига.

Ова предизвика шок за дури седум милиони навивачи на овој клуб, а тие кои беа на стадионот не можеа толку лесно да се помират со испаѓањето поради што мораше да интервенира и полицијата. Во еден момент полицијата испука неколку истрели кон трибините, но нема информации за евентуални жртви.

профимедиа
twitter/101% ULTRAS
twitter/101% ULTRAS

Крузеиро до денеска беше еден од четирите клубови покрај Сан Паоло, Сантош и Фламенго кои не испаднал од првата лига, а за каков великан станува збор говори и податокот дека за него играле Роналдо, Луизао, Дида, Фред…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот