СЛАВНИОТ АРХИТЕКТ ПЕЈ ПОЧИНА НА 102 ГОДИНИ: Пирамидата пред Лувр е само едно од неговите капитални дела! (ФОТО)

Американскиот архитект со кинеско потекло Јо Минг Пеј, кој меѓу другото ја проектирал и стаклената пирамида пред музејот Лувр во Париз, починал на 102 години.

Проектите на Пеј се познати по нагласувањето на прецизната геометрија, рамната површина и природното светло.

Работел и во староста, создавајќи едно од своите најпознатите ремек-дела – Музејот на исламската уметност во главниот град Катар, Доха, во 80-тите години од животот.

Јо Минг Пеј, син на истакнат кинески банкар, ја напуштил татковината во 1935-та година, и се преселил во САД, каде студирал архитектура на MIT и Харвард, а во 1955-та година во Њујорк основал своја компанија.

Обновата на музејот Лувр, чии делови датираат од 12-тиот век, се покажала како негова најконтроверзна работа, а за таа работа го ангажирал францускиот претседател Франсоа Митаран.

Пеј така на влезот во тој познат музеј ја проектирал стаклената пирамида со три помали пирамиди во близина, што претставува впечатлив контраст на постоечките објекти во Лувр во класичен француски стил. Тоа предизвикало лутење кај многу Французи, а некои медиуми таквото решение го опишале како додаток за Дизниленд, додека и самиот Пеј признал дека Лувр бил несомнено негова најтешка работа во кариерата.

Пеј и во некои други негови значајни дела го користел мотивот на стаклена пирамида, па така ја дизајнирал и на влезот во Куќата на славните на рокенролот во Кливленд.

Пеј во 1983-та година ја освоил меѓународната награда за архитектура Прикер, а освоените 100.000 долари ги искористил за започнување на програма за кинески архитекти кои сакаат да студираат во САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот