Славниот актер постојано глуми татко, а својата ќерка не сака ниту да ја запознае

Познатиот холивудски актер Овен Вилсон, кој го засакавме преку улогата во некои од најпопуларните комедии, има три деца со три различни жени, а неговите фанови ги шокираше веста дека тој својата најмлада ќерка никогаш не ја запознал.

Тоа го откри неговата поранешна девојка Варуни Вонсвиратес за Дејли Мејл.

Никогаш не ја запозна Лулу. Тој помага само финансиски, но тоа никогаш не ни било потребно. Лулу има потреба од татко. Иронично е тоа што Овен постојано во филмовите глуми татко, а сопствената ќерка никогаш не ја ни запознал, изјави таа.

Варуни на актерот му порача дека би требало да издвои време за својата ќерка.

– Би требало да ја гледаш својата ќерка. Неверојатна е, многу пропушташ. Изгледа токму како и ти, истакна и таа.

Да се потсетиме, славниот актер на почетокот не ни веруваше дека Лулу е негова ќерка, па бараше ДНК тест. Но, кога беше докажано дека и е татко, на судот изјави дека не сака старателство над девојчето. Славниот актер контактот со синовите од претходните две врски уредно ги одржува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот