Славни личности против коронавирусот: Лејди Гага, Пол Макартни и Били Ајлиш го подготвуваат најголемиот концерт „од дома“

Фото: Инстаграм

Славната пејачка Лејди Гага и организацијата „Глобал ситизен” собраа 35 милиони долари за борбата против коронавирусот.

Во рамките на ова, ќе се организира и специјална телевизиска емисија, каде што ќе учествуваат Пол Макартни, Стиви Вондер, Били Ајлиш и други познати пејачи, под наслов „Еден свет – заедно дома“.

Лејди Гага изјави дека парите ќе бидат наменети за Светската здравствена организација (СЗО).

– Пред сѐ, треба да ги славиме луѓето што се во првите борбени редови – здравствените работници!-  истакна Лејди Гага во видео-конференција денеска.

Пејачката потоа рече дека претстојната манифестација не е за собирање парични средства, туку, едноставно, за потенцирање на важноста на човековата издржливост и храброст – кога е најпотребно, да се остане дома.

Емисијата ќе се емитува на 18 април, а преносот ќе оди на телевизиите АБЦ, НБЦ, ЦБС, Ај-Харт-Медија и Бел Медија.

Домаќини на емисијата ќе бидат водителите Стивен Колбер, Џими Фалон и Џими Кимел. Повеќечасовната програма ќе ја пренесуваат и стриминг-платформите Јутјуб, Епл, Фејсбук, Инстаграм, Твитер. Меѓу гостите се и Елтон Џон, Дејвид Бекам, Џон Леџенд, Еди Ведер, Кери Вашингтон, Крис Мартин од „Колдплеј“, Лизо, Џеј Балвин, Андреа Бочели и Малума.

View this post on Instagram

born blue

A post shared by BILLIE EILISH (@billieeilish) on

Идрис Елба и негова сопруга Сабрина Елба, кои и двајцата се позитивни на коронавирусот исто така ќе учествуваат во специјалната емисија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот