Славната поп-ѕвезда пронајдена мртва во својот стан! Имаше 25 години, а ја следеа 6 милиони луѓе на Инстаграм

Instagram

Сули, една од најпопуларните поп-ѕвезди во Јужна Кореја, почина во 25. година од животот. Полицијата соопштила дека менаџерот ја нашол пејачката мртва во нејзиниот дом во близина на Сеул.

Причината за смртта сè уште не е прецизно утврдена, но се шпекулира дека е самоубиство.

Оваа ѕвезда на Инстаграм ја следеа скоро 6 милиони луѓе, а беше членка на популарниот бенд F(х) сè до 2015 година, кога ја напушти групата за да се фокусира на актерската кариера.

Од друга страна, се ширеа гласини дека ја напуштила музичката сцена откако долго се борела со навредите и злоставувањето на друштвените мрежи.

Instagram

Сули била блиска пријателка со поп-пејачот Џонгин, кој во 2017 година си го одзема животот на 27-годишна возраст.

Сули беше прилично контроверзна и позната како некој без влакна на јазикот. Повеќепати во јавноста беше критикувана поради слободното однесување и бидејќи не носела градник. Првата таква фотографија се појави на нејзиниот инстаграм-профил во мај 2016 година, по што таа се соочи со бројни критики и лоши коментари.

Минатиот месец нејзините гради „случајно испаднаа“ за време на вклучување во живо на Инстаграм, што повторно предизвика негодување во конзервативната Јужна Кореја.

Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот