Славната пејачка имала три спонтани абортуси: Тоа ме спаси, за малку ќе умрев

Фото: Инстаграм

Пејачката Хeлси (27) во написот што ја напиша за „Вог“ се осврна на неодамнешната одлука на Врховниот суд за укинување на правото на абортус. Ниту таа не ја поддржува оваа одлука, а не е ниту прва ниту последна, бидејќи многу други познати личности јавно ја критикуваа одлуката. Причината поради која таа никогаш нема да ја поддржи е тоа што абортусот во еден момент од животот ѝ овозможил да остане жива и, на крајот, да го добие сегашниот син.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by halsey (@iamhalsey)


„Многумина ме прашаа дали откако родив дете по долгогодишно мачење, го преиспитав својот став за абортусот. Одговорот е цврсто не. Всушност, никогаш не сум била посигурна во врска со тоа“, напишала таа и открила како абортусот ѝ овозможил да му подари живот на својот син.

Инаку, Хелси го родила своето прво дете во јули 2021 година, а пред тоа, како што открива, имала три спонтани абортуси и тоа пред нејзиниот 24-ти роденден.

– Можноста за абортус ми го спаси животот и му овозможи на син ми да добие свој. Секој човек го заслужува правото на избор кога, дали и како ќе го доживее ова опасно искуство што го менува животот. Со едната рака ќе го држам син ми, а со другата со сите сили ќе се борам за правата – додала таа.

„Ми се чинеше сурова иронијата што лесно можев повторно да забременам, но се борев да ја одржам бременоста. Еден од моите спонтани абортуси бараше „последователна грижа“, што е нежен начин да ми кажат дека ќе треба да абортирам бидејќи моето тело не може само целосно да ја прекине бременоста и ризикував да добијам сепса без медицинска интервенција“, напишала пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by halsey (@iamhalsey)


Во текот на зафатот се чувствувала ужасно, па дури и плачела бидејќи, како што опишала, „очајно сакале да ја прекинат бременоста“, која ѝ се заканувала по животот.

– Бев исплашена и беспомошна. Бев подготвена за најлошото. Дадов детални упатства во врска со донирањето на моите органи ако умрам – открила таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by halsey (@iamhalsey)


По абортусот, се чувствувала нецелосно.

– Во еден момент постигнувам се во животот надвор од контрола, но не можам да направам нешто за што биолошки сум на оваа планета. Тогаш мора да застанам на сцена и да бидам секс-симбол и симбол на женственост и зајакнување? Целосно деморализирачки – рекла своевремено таа за странските медиуми.

За потсетување, Хелси боледува од ендометриоза, поради која се појавуваат разни компликации и несакани последици.

ФОТО | Едвај излегува од болница: Познатата пејачка се соочува со повеќе болести по раѓањето на синот

Пејачката Хелси ја објави својата бременост со фотосесија

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот