Славната актерка во четвртиот стадиум од ракот: „Плачам од болки“ (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Иако во ноември минтата година откри дека ракот и се вратил по трет пат, актерката Оливиа Њутон Џон изјави дека нема да се предаде.

Во претходно интервју таа откри дека е во четври стадиум од ракот на дојка и дека шансите за да се излекува се многу мали, но открила и дека не сака да знае уште колку време и останало…

За емисијата „This Morning“ откри дека се бори со ужасни болки, но призна дека за нивно намалување користи марихуана.

„Плачам од боки“, признала таа и додала дека болката понекогаш е неиздржива.

Сепак, актерката тврди дека и покрај тоа што има тешка дијагноза не престанува да се  труди и да ужива во животот.

– Не знам уште колку време ми останува, но морам да уживам во животот. Ќе изедам бисквит ако ми се јаде. Ќе испијам шоља чај ако сакам или чаша вино, бидејжи уживањето во животот е дел од процеот за лекување – рекла Оливиа.

Одлучила да не се грижи многу за прогнозите на докторите и дека се труди да не размислува на смртта.

– Се трудам да не мислам на тоа. Тоа е делод животот. Нормално, ако имаш рак, знаеш дека крајот е блиску, но не знаеш кога ќе се случи тоа. Би можела да умрам утре, дрво може да падне на мене. Се трудам да не размислувам премногу на мене, но за тоа медитирам за да бидам смирена во врска со тоа – заклучила актерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот