Славната актерка четири недели ги снимала своите тестирања за Ковид-19: Го мразам ова!

инстаграм

Џесика Частејн стекна нова вештина за време на карантинот – сега е „професионалец“ во тестирање на Ковид-19.

Всушност, 43-годишната актерка се враќа на работа за да го снима својот следен филм, но пред враќањето на сцената, таа морала да почне редовно да се тестира за коронавирусот.

„Добро, морам да се вратам на работа па, погодете кој треба да се тестира?“, рекла во снимката која ја објавила на Инстаграм.

Частејн документирала четри недели тестирања. Прв пат тоа го правела со помош на познаник, а потоа и сама, но според нејзините реакции јасно е дека тестирањето за Ковид-19 не е воопшто пријатно искуство. Но, позитивно е тоа што кратко трае.

„О, мој Боже. Веќе го мразам, чекај, само момент“, рекла актерката на почетокот од видеото, а за секое наредно тестирање, јасно давала до знаење дека го мрази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот