Славна манекенка позираше гола на 48 години: Староста треба да се слави! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Една од најпознатите и најуспешните светски манекенки, Клаидија Шифер, преку голи фотографии кои ги објави на Инстаграм, покажа дека и понатаму изгледа фантастично.

Клаудија се соблече и потполно гола за насловната на најновото издание на италијанското списание Вог.

Повод за ова фотографирање е одбележување на 25 години откако славната манекентка за прв пат се сликала за насловната на шпанското издание на Вог, далечната 1994 година.

-Староста треба да се слави и почитува. Имам 48 години, се чувствувам така и се гордеам со тоа. Постои причина зошто имаме роденденски торти и забави кога ни е роденден, јас поради тоа и натаму се чувствувам исто како што се чувствував кога бев дете – изјави Клаудија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот