Слави Трифонов: Не жалам за ништо, ќе почитувам се што сум кажал

Слави Трифонов / Фото: Profimedia

Лидерот на Има таков народ, Слави Трифонов коментирајќи ги излезните анкети од денешните парламентарни избори во Бугарија, изјави дека кога би можел да го врати времето, повторно би го направил истото.

Тој наведе дека „би го направил истото, без да склучува договори, без да подлегне на притисоци и без да ги лаже своите гласачи”.

– Почитувам се што сум кажал и нема да ги погазам моите зборови, категоричен беше Трифонов.

Тој додаде и дека довербата на неговите поддржувачи е непроценлива и обврзувачка.

– Во име на моите колеги сакам да им се заблагодарам и на сите што гласаа, истакна Трифонов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот