ВИДЕО | Славески: Проблемот со парното греење мора да се реши трајно

Трајко Славевски
Трајко Славевски, претседавач на Совет на Град Скопје / Утрински брифинг

Град Скопје одржа досега три седници во новиот состав, од кои на едната е донесен буџетот на Град Скопје. Во советот има 45 советници и распоредот на силите е познат, а Трајко Славески е претседавач на Советот на Град Скопје.

-Во овој состав на Советот имаме и едно здружение со двајца советници, Зелен хуман град. Нема многу простор за политика туку се занимаваме со прашања поврзани со проблемите на граѓаните. Работиме со физичко присуство и досега никој немал здравствен проблем. Сега имаме и директен пренос на седниците на ЈуТјуб каналот на Град Скопје, а обезбедивме и превод на албански јазик, вели Славески.

Тој додава дека има пристигнато голем број материјали, тоа се програми на институциите на градот и Советот мора да одлучи по нив за да продолжат претпријатијата да работат нормално.

-Ние очекувавме повеќе информации од Комисијата за заразни болести од вчерашната седница и мислам дека е неодговорно да не донесат никаква одлука како треба да се однесуваме при ова ширење на омикрон сојот. Ние како Совет имаме услови и технички можности за комбинирано работење, т.е. ако некој од советниците не може да дојде може да се вклучи преку интернет, вели Славески.

Согласно овластувањата Советот работи според буџетот, но и преку креирање на буџетите се креираат политиките. Сега е актуелно парното греење и проблемите со него како и иницијативата за преземање на оваа услуга од страна на Град Скопје. Владата прифати да влезе со свои мерки, но треба да се вклучи и градот.

-Сум живеел во Чаир и добивавме парно од Скопје-Север и граѓаните беа задоволни. Но, имаше пад на цената на струјата и луѓето се исклучија. Во Грција, на пример, има законска обврска ако има парно греење мора да го користите тој систем за затоплување. Кај нас нема таков закон. Ова е акутна ситуација. Според законот за Град Скопје има една цртичка каде вели дека во надлежност на градот е и оваа дејност со затоплувањето. Но има такви правни процеси кои ни по десет години сѐ уште не ги има решено овие проблеми. Граѓаните ги користат сите извори на енергија, но немаме ресурси да помогнеме, вели Славески.

На едно градско и државно ниво мора да се интервенира. Славески вели дека овој акутен проблем може да почне да се решава. Град Скопје во претходниот состав има формирано свое претпријатие, ГЕС, но не работи оти нема лиценца.

-Се забележува дека има дисонанца за начините на решавање на овој проблем. Се префрла вина на Град Скопје. Но, Владата е онаа која може да се задолжува. Она вчера што беше кажано дека има одлука за надомест на разликата во цената, беше спомената сума од 9 милиони евра, а ние не знаеме дали е тоа месечно или за цела сезона. Тоа е политичко прашање, оти ако од средства на граѓанит се дотира кај приватни претпријатија тоа може да го прави само владата, вели Славески.

Но, прашањето е итно и градоначалничката и советот ќе треба да ја решат оваа акутна криза и да се направат подготовки за догодина. Славески вели дека Советот никогаш не субвенционирал вакви дејности. Сепак, потребно е да се покрене иницијатива од страна на градоначалничката за соработка со Владата.

Проследете го целиот разговор во видеото

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот