Славески: Пендаровски и Мицкоски не биле лути противници, само немале соработка

Професорот Трајко Славески кој е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ја коментираше најавената средба на претседателот Стево Пендаровски  и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Не би рекол дека биле лути противници Пендаровски и Мицкоски. Најверојатно немаше соработка. 27 април 2017 година не е единствен мотив за инстантното прифање за средба. Ние имаме парламентарен систем и претседателот има релативно ограничени ингеренции. Македонија е длабоко поларизирана држава, општество. Нетрпението помеѓу Македонците кои што со години ескалира е безбедносно прашање. А безбедносните прашања по дефиница се под надлежност на претседателот. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ за осудените за настаните од 27 април е познат. Не наоѓаме причини тие да бидат осудени како терористи, изјави во Утрински брифинг проф. д-р Трајко Славески и додава дека средбата помеѓу Пендаровски и Мицковски е охрабрувачки потег од кој што ќе има реални и видиливи ефекти во намалување на поларизацијата во македонското општество.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот