Славен кошаркар поради „мис“ ги остави жената и синот! (ФОТО)

FACEBOOK/DINO RAĐA

Кога првпат се сретнаа, пред повеќе од две децении, Дино Раѓа веќе беше познат кошаркар, а младата Викторија Ѓонлиќ како „Мис Далмација“ и пејачка во подем.

Дино Раѓа и Тони Кукоч (исто така кошаркар) заедно беа во ресторан, а потоа се појави згодната Вики. Беше тоа љубов на прв поглед. Кога едно лето се врати во Сплит, веднаш „запловија“ во романса.

Се венчаа во 2001 година на јахта долга 20 метри во близина на Корчула. Нивни кум беше познатиот пејач Петар Грашо. Во едно интервју за „Стори“ Дино изјави дека неговата Викторија не носела класична венчаница.

– За мене беше преубава во бел фустан. Венчањето беше нормално, само после церемонијата скокнавме во море – откри Дино.

Кариерата на Викторија падна во втор план, семејството беше на прво место. Во 2003 година станаа родители на синот Роко, а во 2008 година на светот дојде и Нико.

FACEBOOK/DINO RAĐA

Раѓа од првиот брак со сопругата Желјана, поранешна кошаркарка, има син Дује. Дино ја напуштил Желјана додека Дује бил во пелени и тоа токму поради Викторија. Викторија веднаш го прифати Дује, а Желјана била воздржана и веруваше дека нејзе Вики ѝ го уништила бракот и семејството.

После 13 години успеаја да воспостават комуникација. Кога во 2010 година беше примен Дино во „Куќата на славните“ во Сплит, во еден од окрузите околу градот се собраа синовите Дује, Роко, Нико, како и Желјана и Викторија. Поранешната и сегашната сопруга си зборуваа најнормално и се дружеа на свеченоста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот