Славчо најавува облачно време со сончеви периоди – температурите од 14 до 23 степени

скопје дожд дождливо време
Дожд во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и свежо со сончеви периоди и со повремен локален дожд. Ќе има услови и за ретка појава на грмежи, а ќе дува и слаб до умерен, долж повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 23 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има услови и за локален краткотраен дожд а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурита ќе се искачи до околу 19 степени.

Потоа во следните денови времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Температурите ќе бележат тендеинција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот