ВЕРНИЦИТЕ ЈА СЛАВАТ СВЕТИЦАТА КОЈА ГО ИЗМАМИ ТАТКО Ѝ ДЕКА Е МАШКО! Еве што треба да направите ДЕНЕС

Фото: Википедиа

Православните верници денес ја слават Света Ефросинија, која е запаметена како светица која иако е женско, успеа да се замонаши во манастирот во Александрија.

Ефросинија е воспитана во хрстијански дух, но како девојка одлучила дека не сака да се мажи, односно дека сака да се замонаши.

На игуменот во манастирот во Александрија се претставила како Измарагд, тврдејќи дека е евнух. Измарагд набрзо поради своите молитви и дисциплината ги надминал сите останати монаси.

По дури 38 години минати во манастирот, Ефросинија повторно се сретнала со нејзиниот татко која не го видела уште откако избегала од дома.

Таткото не ја препознал ќерка си, а на Измарагд сакал да му се исповеда дека сѐ уште тагува поради тоа што ќерка му избегала од дома и дека стравува дали таа се уште е жива.

Легендата вели дека Ефросинија во тој момент признала која е, но дека од тага и жалење за него, умрела во истиот момент.

Наводно, веднаш потоа, татко и се замонашил во истиот манастир, а кога починал по десет години, го закопале во истиот гроб со ќерка си.

Според народните верувања, денес се чисти и средува домот и се шие искинатата гардероба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот