Слатко задоволство: Галета со јагоди

Instagram
instagram

Десертот е секогаш добра идеја! А сега кога имаме јагоди во изболиство, може да се комбинираат во најразлични рецепти. Доколку се мислите со што да ги изненадите вашите сакани денес, имаме соврешен предлог за вас. 

 

СОСТОЈКИ:
  • 180 г брашно + уште малку за сукање
  • ½ лажица шеќер
  • ½ лажичка сол
  • 120 г ладен путер исечкан на коцки
  • 3-4 лажици ладна вода
  • 200 г свежи јагоди
  • 70 г шеќер
  • 1 лажица нишесте
  • 1 лажица балзамико оцет
  • 1 јајце изматено со 1 лажица павалака или вода

ПОДГОТОВКА:

Во еден сад измешајте ги сувите состојки. Додајте го путерот и миксирајте да добиете воедначена смеса. Додека матите додавајте една по една лажица ладна вода, додека почне тестото да се формира во топка. Завиткајте го во фолија и ставете го во фрижидер половина час. Во сад измешајте ги јагодите, шеќерот, нишестето, балзамико оцетот, додека се соединат. На набрашнета површина расукајте го тестото во круг отприлика 30 см, а потоа префрлете го во плехот за печење, обложен со хартија. Со решеткаста лажица нанесете го филот на средина од тестото, оставајќи го работ на тестото празен. Со прстите преклопете ги рабовите на тестото нагоре кон внатрешноста на филот. Премачкајте ги рабовите со матено јајце, па печете на 180 степени, 30-ина минути.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот