Слатко од малинки: Подеднакво е корисно како свежите плодови

Малинките се најмирисното шумско овошје кое е примамливо со вкус и неодолива арома, а малкумина знаат дека е подеднакво добро во свежа и преработена состојба. Слаткото од малини никого не го остава рамнодушен, а може да се јаде со палачинки за појадок, да се додаде во некои десерти или да се сркне директно од тегла.

Тоа е познато по антипиретскиот ефект, односно предизвикува обилно потење, а тоа е поради супстанциите во плодот кои имаат исти својства како аспиринот, но, без неговите несакани ефекти. Постои можност да направите сурово слатко од малинки како комбинација од свежо испасирани плодови измешани со шеќер. Тоа ги содржи сите корисни витамини  и минерали кои се губат при термичка обработка.

Слаткото од малинки делува на процесот на варење, бидејќи содржи влакна, исто така има лесен лаксативен ефект и поради тоа е добра препорака за проблеми со празнење на цревата. Ова слатко содржи пектин што значи дека го чисти телото од соли на тешки метали.

Кај трудници во последните месеци од бременоста се препорачува да бидат внимателни со вкусните плодови поради зголеменото ниво фолна киселина, како и деца до три години возраст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот