Слатко исчекување во најголема тајност: Ед Ширан и неговата сопруга ќе станат родители

Фото: Profimedia

Наградуваниот британски музичар Ед Ширан и неговата сопруга Чери Сиборн со која е уште од тинејџерските денови, го очекуваат првото дете.

Иако се поприлично таинствени и својата интима со години успешно ја кријат од љубопитната јавност, британските медиуми дошле до информацијата дека Ед и Чери наскоро ќе станат родители. Среќните вести за бременоста ги дознале уште на почетокот на карантинот, а сега само неколку недели ги делат од раѓањето на бебето.

Profimedia

„Ед и Чери се пресреќни и многу возбудени, но како што знаете сакаат да го држат тоа во својот круг на луѓе и во смејството. Карантинот добро им послужи како изговор да не излегуваат никаде, па ретко кој од пријателите знаел дека наскоро ќе станат родители, но како што се приближува терминот, им кажале на најблиските“, рекол извор близок на парот за Дејли мејл.

Идните родители учеле во исто средно училиште, а потоа пламнала љубовта која и до денес трае. Се венчаа во тајност пред две години. Чери, која игра хокеј на трева, отсекогаш била онаа вистинската за Ед, велат нивните пријатели.

Profimedia

Штом ја запознал, знаел дека со неа сака да го помине остатокот од животот. Токму нејзе ѝ ги посветил поголемиот дел од баладите, како и песната „Перфект“, за која Чери му била главна инспирација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот