Сладок викенд: Чоколадна торта со Орео колачиња

Фото: Unsplash

Комбинацијата на црно чоколадо и популарните Орео колачиња ја прават оваа торта омилен кај многу генерации. Интересна текстура и интензивен вкус кој ќе ја задоволи вашата желба за слатко уште при првиот залак.

Потребни состојки:

– 400 грама Орео колачиња
– 125 грама стопен путер
– 200 грама темно чоколадо
– 175 грама путер
– 4 јајца
– 175 грама кафеав шеќер
– 200 милилитри слатка павлака

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени и намачкајте со масло сад за печење со дно кое може да биде отстрането. Погрижете се овој сад да има високи ѕидови. За да ја направите основата, ставете ги Орео колачињата во процесор за храна сè додека не станат мали трошки, а потоа додадете го и стопениот путер. Поставете ја мешавината во подготвениот сад и оставете ја да отстои во фрижидер.

За да го направите филот, стопете ги заедно чоколадото и путерот во сад отпорен на топлина и поставен над тенџере со вода која врие. Мешајте повремено сè додека тие целосно не се соединат. Во меѓувреме матете ги заедно јајцата и кафеавиот шеќер околу 5 минути или сè додека не станат лесни и како крем. Откако ќе завршите, внимателно сипете ја мешавината со јајцата во онаа со чоколадото и на крај додајте ја и слатката павлака.

Сипете ја оваа мешавина врз основата со Орео и ставете го садот во рерна, на околу 35 – 40 минути. Дозволете ѝ на тортата целосно да се олади пред да ја тргнете од садот и декорирате, а потоа чувајте ја во фрижидер.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот