Слабеете, но дали знаете каде одат согорените масти од телото?

Фото: Инстаграм

Откако успешно ќе ослабнеме, ретко се запрашуваме каде отишле сите тие масти кои дотогаш биле складирани во нашето тело.

Сите знаеме дека се работи за согорување, но само со основно знаење од хемија и биологија, треба да ни е јасно дека тие масти од некаде и излегуваат.

Една од најчестите заблуди е дека мастите од организмот се претвораат во енергија. Некои сметаат дека одат во мускулите, а други дека излегуваат преку изметот.

Точниот одговор е дека мастите се делат на јаглероден диоксид и вода при метаболитичките процеси на диетите. Тоа значи дека еден дел излегува преку дишењето, а другиот преку лачењето на течности, односно преку урината и потта.

Така, слободно може да се каже дека килограмите кои ги губиме, во поголем дел ги издишуваме. Основа на ова тврдење е сознанието дека секоја хранлива материја во основа е комбинација на вода и јаглероден диоксид, неоргански материи од кои се создава органска храна при процесот на фотосинтеза. Затоа, сосема е логично и исправно сознанието дека храната која почнала од тие две материи, на крај ќе се разложи токму на истите.

Остатокот, хранливите материи, се апсорбираат во телото, а вишокот се исфрла, како што веќе е наведено, преку издишувањето, потењето и уринирањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот