Слаба посетеност на Светското првенство

Нејмар го делат уште три победи со Бразил до светската титула во Катар/фото: EPA-EFE/Abedin Taherkenareh

Катар очекуваше најмалку 1,2 милиони туристи и навивачи за најголемиот фудбалски спектакл, посебно во периодот од 24 до 28 ноември кога имаше по четири меча дневно, но едвај нешто повеќе од половина од проекциите на шеиците дојдоа странски гости.

„Ројтерс“ објави дека само 765.000 странски гости имало во Катар и тоа во пикот во периодот за првото и второто коло на Мундијалот, а неименувано официјално лице од катарскиот организациски одбор ги потврдило бројките, но не сакал да дава коментари.

Иако се продадени 3,09 милиони билети на 1,33 милиони навивачи, но голем дел од билетите останаа неискористени.

Најмногу навивачи има од Мароко, што не е неочекувано, најмногу и поради фактот што имаат безвизен режим, а од другите континенти најмногу има Аргентинци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот