Слаб земјотрес во регионот на Струмица

Земјотрес сеизмограм
Сеизмограм / Фото: EPA-EFE/DAVID CHANG

Земјотрес со интензитет од 2,6 степени според Рихтеровата скала е регистиран попладнево во 17.10 минути со епицентар во реонот на Струмица.

Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет, нејзината телеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, го регистрирала земјотресот чиј епицентар бил на 120 километри југоисточно од Скопје во струмичкото епицентрално подрачје.

Земјотресот бил почувствуван од населението на Струмица, Валандово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот