Слаб земјотрес регистриран во близина на Драч

Земјотрес/ Фото: МИА

 Земјотрес со интензитет од 3,8 степени според Рихтеровата скала, попладнево ги вознемири жителите на пристанишниот град Драч и Лач, а почуватсвуван е и во Тирана и други делови во Албанија.

Со многу послаб интензитет е почувствувам и во западниот дел на Северна Македонија.

– Епицентарот на земјотресот беше во местото Шетај на брегот на Јадранско Море, на 28 километри северно од Драч и 20 километри југозападно од Лач, на длабочина од два клометра.

Ова подрачје е сеизмичко и беше најпогодено од катастрофалниот земјотрес со интензитет од 6,4 степени на 26 ноември 2019 година, при што загинаа 51 лице, над илјада беа повредени, илјадници луѓе останаа без своие домови, а предзвиканата штета беше процената на повеќе од 1,2 милјарди евра.

На 20 овој месец беше регистрран земјотрес со интензитет од 4,4 степени со епицентар во Подградец на 145 километри југозападно од Скопје, а беше почувствуван во југозападните делови на Северна Македонија со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала, а вчера со епцентар во Корча со интензитет од 3,1 степен.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот