Слаб старт на Мундијалот, Шведска ги растури ракометарите

фото. ИХФ

Ракометната репрезентација на Македонија со убедлив пораз ги започна настапите на Светкото првенство во Египет на кое пристигна вчера како прва резерва по откажувањето на Чешка. Подмладената репрезентација на Македонија загуби со 20:32 од Шведска која имаше големи проблеми со болни ракометари.
Избраниците на селекторот Данило Брестовац беа рамноправен ривал само во првите 15-тина минути по што на теренот доминираа Швеѓаните, а овој натпревар најдобро отсликува што значи кога некоја селекција се подготвува за настап на СП, а друга има статус на резерва и не е сигурно до последниот ден дали ќе настапи на Мундијалот.
Натпреварот започна со голот на Поповски, потоа Пешевски донесе водство од 2:1, но потоа контролата над резултатот ја презедоа Швеѓаните. Ване носи предност од 4:7, но нашиот одговор беше мини серија од 3:0 со двата гола на Лазаров и еден на Пешевски за израмнување на 8:8. Но, по второто израмнување на 9:9, Швеѓаните постигнаа дури пет гола во серија за 9:14, а на полувреме заминаа со 11:16.
Вториот дел започна со серија од 0:3 на Шведска за 11:19 со што веќе стана јасно кој ќе ги впише двата бода и единствена непознаница беше само резултатот, односно со колкава разлика ќе загубат македонските ракометари. До крајот на натпреварот Швеѓаните рутински одиграа, ја одржуваа предноста од 8-9 гола за на крајот на слават со конечни 20:32.

Најпрецизен во нашата селекција беше капитенот Кире Лазаров со пет гола, по два дадоа Костески, Пешевски, Пповски, Стоилов и Танковски, додека во редовите на Шведска најпрецизен беше Ване со дури 11 постигнати гола.

Наредниот натпревар, ракометарите ќе го играат задутре против домаќинот Египет (18 часот).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот