СКСЗМ: Владини мерки за помош на бизнисот генерално не се соодветни

Комората апелира партиите да не ја користат кризата за освојување политички поени.

Да се вратат државните долгови кон приватните компании чија ликвидност е доведена во опасност поради кризата, враќањето на ДДВ приоритетно да ги опфати производителните и извозно-ориентирани компании, да се укине аконтацијата за данокот на добивка зашто 2020-та ќе биде година на загуба за повеќето компании, а производите кои Владата ги смета за неопходни и се увезуваат да имаат нула отсто царинска стапка со оглед дека нивната набавна цена е покачена, додека компаниите имаат ограничување по однос на продажната цена.

Ова се само дел од мерките што ги предлага Стопанската комора на северозападна Македонија…

Според Комората сегашните владини мерки за помош и поддршка на бизнисот, генерално не се соодветни и не им помагаат на компаниите.

Комората предлага да се субвенционираат платите на работниците со минимална просечна вредност од 20.000 денари нето, да биде нула до – 0,30 отсто каматната стапка за новите кредити што ќе им требаат на компаниите од комерцијалните банки во земјава или каматата да биде покриена од Владата, како и да се обезбедат кредити со минимални каматни стапки и поедноставена постапка за одобрување за компании кои имаат развојни проекти.

СКСЗМ воедно апелира до партиите, да не ја користат кризата за политички поени.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот