Скршени ребра, рака и повреди на грбот: Словенечки ловџија едвај се спаси од напад на мечка

Фото Архива

63-годишен ловџија од Словенија е тешко повреден откако го нападнала мечка во шума во близината на Постојна, јави агенцијата СТА.

Ловџијата има скршеница на раката и на повеќе ребра, како и бројни повреди на грбот, но успеал да го преживее страотниот напад.

Полицијата соопшти дека човекот бил нападнат од женка мечка, која била со две мали мечиња.

Властите ги советуваа туристите, кои се чести посетители на регионот во овој дел од годината, да внимаваат кога се движат во дивината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот