Скриените фантазии на хороскопските знаци, која е вашата идеална комбинација во постела, подготвени ли сте за експерименти?

Не сите хороскопски знаци имаат ист однос кон другиот пол, родените во некои знаци сакаат да експериментираат, други се наклонети кон скриени врски, трети се повеќе традиционални и избегнуваат експериментирања. А вие? На кој хороскопски знак припаѓате?

Еве еден краток водич кој ги открива еротските тенденции на дванаесетте зодијачки знаци.

Овен,  силна еротска енергија

Овенот е под раководство на Марс кој е симбол на машката сексуалност. Жените често се склони на експериментирање, особено во младоста. Мажите пак, родени во знакот на Овен, често се наелектризирани со силна еротска енергија – им се допаѓа задоволството,  се грижат за својот изглед за да ја импресионираат околината. За нив важи девизата – истражувањето на градината на соседот е големо искуство. Врв на љубовна хемија можат да доживеат со Вагите.

Бик, меѓу страст и традиција

Овој знак е меѓу најтрадиционалистите во Зодијакот. Тешко дека би можеле да се ослободат од традицијата и уверувањата за да се впуштат во еротски експериментирања. Но, никогаш не велите никогаш: рековме тешко, ама не и невозможно. Бикот, всушност, е управуван од планетата Венера, ѕвезда на убавината и на животните задоволства. Родените под овој знак  уживаат во убавината која ја бараат во се и во секого –  мал детал е доволен за да се разбуди во нив исклучителна страст на која сосема ќе ѝ се препуштат. Совршен еротски спој прават со Шкорпијата.

Близнаци, потрага по двојно задоволство

Близнаците се двоен знак: во нивниот интимен живот живеат два идентитета, па и два поларитета, машки и женски. Неретко наоѓаме меѓу нив машки со женски карактеристики или жени со малку „машки“ изглед. Тие сакаат да експериментираат, играјќи се на сопствената тема но и на темата на другиот, односно двојно: Меркур, планетата која владее со знакот, ги прави љубопитни и динамични. Жените родени во овој знак ги привлекуваат мажи кои имаат хумор, додека мажите Близнаци преферираат интелектуалки. Сепак, нивната тајна лозинка е – експериментирање. Со кого? Забавата е најдобра со Водолиите.

Рак, тајната моќ на Месечината

Со овој хороскопски знак доминира Месечината: во себе ги чува сите моќни енергии на прамајката. Фасцинирани од женскиот, нежен аспект на нештата, Раковите бараат мажи и жени со моќ на заштитници, го бараат шармот на сласта, моќта на нежноста. Жените од овој знак сакаат да ја откријат својата женственост дури и во „триаголни“ ситуации; мажите пак, од друга страна, се привлечени од жени со силен карактер. За Раковите е карактеристично што не признаваат компромис во емоциите –  или се предаваат целосно или сосема се повлекуваат. Најкреативните сексуални авантури можат да ги имаат со Шкорпиите кои се способни да ги одведат во непознати територии.

Лав, татнежот на кралот

Егоцентричен и страствен, Лавот сака да го почувствува центарот на вниманието. Врската без страст не ја сметаат за стабилна врска. Жените родени во овој знак се секогаш во присуство на придружник, ретко ќе ги видите сами. Мажите Лавови, од друга страна, копнеат по партнерки со атлетско и спортски тело, со добро дефинирана мускулатура. Страста се бара насекаде: тие ќе направат се за да доживеат силни емоции. Физичкиот изглед на партнерот е многу важен за нив. Добитната комбинација им – Стрелецот.

Девица, очигледен ред

Срамежливи и тивки, оние кое се родени под овој хороскопски знак на прв поглед изгледаат дека се конзервативни и традиционално расположени. Сепак, тие се под влијание на планетата Меркур, која го претставува дијалогот ама и живописноста на експериментирањето преку откривањето. Ако жената Девица се сретне со елегантна жена, со сензуален изглед и софистицирани манири, лесно може да ја изгуби контролата врз себе и целосно да се откаже од страсните „задолженија“ кон нејзиниот машки партнер. Инаку, жените од овој знак ги привлекуваат мажи кои се сосема спортивни на нив, доминантни и жестоки во дискусиите, како на пример, Лавовите. Мажите пак, од овој знак, избираат рафинирани и самоуверени партнерки. Родените во знакот на Лав иделано ќе одговорат на нивните еротски желби.

Вага, кој ќе се осмели-ќе проба

Родените во знакот на Вага се под влијание на планетата Венера, планета на заведувањето и убавината, па оттука ги сакаат интригантните и опасни ситуации. Жените од овој знак често се осмелуваат да доживеат нови искуства. Нив ги привлекуваат елегантни мажи и рафинирани пријатели, кои се грижат за облеката, парфемот, обрнувајќи внимание на секој детаљ. Мажите Ваги пак, лесно можат да бидат заведени од оние кои имаат малку „снобски“ став. Вагите многу внимаваат на атмосферата, третирајќи ја во детали. Во креветот би сакале да си поиграат и со други соучесници, освен со својот партнер. Најстраствени се со Водолијата и Стрелецот кои им ја поттикнуваат креативноста.

Шкорпија, атмосфера на 1001 ноќ

Родените во знакот на Шкорпија се најстрасни претставници од Зодијакот. Плутон, нивната водечка планета, е поврзана со несвесното: родените меѓу октомври и ноември се препуштаат на еротските чувства до најдлабоките пориви, без да се обидат да ги контролираат. Мажите од овој знак ги привлекуваат жени со мистериозен шарм и недофатлив поглед, секако и со скулптурна телесна фигура; жените пак, имаат слабост кон мускулести мажи но кои се грижат за долната облека до детали. Пламенот на страста најсилно гори во креветот со Лавот и Бикот.

Стрелец, игрите се најважни

Доминирани од експанзивната енергија на Јупитер, родените во овој знак многу сакаат еротски експериментирања. За Стрелците не може да се каже дека се срамежливи, туку тие се вистински истражувачи на непознатото. Оттука, знаат да бидат привлечени и од лица од својот пол. Жените Стрелци, кои личат на авантуристички Амазонки, ги привлекуваат згодни мажи со спортска градба; додека мажите сакаат динамични жени. Игрите под чаршавите најексплозивни се со Ракот и Рибите.

Јарец, малку посрамежливо

Тешко е да сретнете Јарец кој е отворен за експериментирање. Всушност, овој знак е предводен од најконзервативната планета, Сатурн. Другата страна на паричката сепак, обезбедува дека некои претставници на овој знак сакаат да се соочат со ново искуство. Мажите се привлечени од жени кои обожуваат спорт и кои се снаодливи; жените, кои се очигледно студени, можат да се разберат со динамични и авантуристички придружници. Најсреќната комбинација во постела ја имаат со  Шкорпијата, но и со креативните Водолии би можеле да се чувствуваат одлично.

Водолија, истражувачки талент

Владеењето на Уран со овој знак, од претставниците на Водолијата прави вистински сексуални истражувачи, како да се родени со овој талент. Водолиите се целосно отворени: сакаат експериментирање, бидејќи откритието ги прави да се чувствуваат живи. Затоа често ќе ги најдете во клубови кадешто се добредојдени секакви еротски експерименти, вклучувајќи ги и оние од истиот пол. Жените од овој знак ги привлекуваат авантуристички Амазони,  а кога се мажите во прашање ќе бидат привлечени од нежен маж, па дури и од маж со „женски“ карактеристики. Мажите Водолии ќе се одлучат за партнерки со исклучителен ум. Најинтензивните емоции ги доживуваат со Стрелецот и Близнаците.

Риба, слатки сништа

Во љубовта и страста, Рибите ги сакаат миризбите и нежноста, под влијание на Нептун, планетата на фантазијата и имагинацијата што го управува овој знак. Честопати, им се препуштаат на мислите: тие сакаат да пловат во морето на страста дури и ако е тоа само идеализирано. Жените Риби бараат интригантна игра со партнерите кои се романтични и нежни,  додека мажот Риба бара деликатни жени со силни карактеристики коиги сакаат еротските игри.  Совршен спој прават со Вагата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот