Скот: САД сакаат Косово да ги укине таксите за да се придвижи дијалогот со Србија

Фото: Курир.рс

Нашата порака е јасна – САД сакаат Косово да ги укине таксите за дијалогот со Белград да може повторно да се придвижи, изјави американскиот амбасадор во Белград, Кајл Скот во интревју за денешен српски Курир.

Коментирајќи ги медиумските написи за тоа дека е невозможно светските сили, како САД на пример, да не можат да најдат начин да ги присилат косовските власти да ги укинат таксите, Скот вели дека така зборуваат оние кои не можат да прифатат дека Косово е независна и суверена држава.

-Ние не можеме да го присилуваме Косово, ниту, пак, Србија, рече американскиот амбасадор и повтори дека сега е најбитно Приштина да добие нова влада, да се укинат таксите на стоките од Србија и БиХ и дијалогот да продолжи.

Скот додаде дека САД се тука како партнер што го поддржува процесот на нормализација на односите меѓу Белград и Приштина и ќе стори се да го охрабри и на двете страни да им овозможи да дојдат до договор.

Тоа, вели, е во интерес на народите и во Србија и на Косово, но и на целиот регион, ЕУ и САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот