Скоро три години затвор доби Арда Туран!

twitter.com/barcacentre

Поранешниот играч на Атлетико Мадрид и Барселона е виновен поради користење нелегално оружје како и носење на истиот така што ги загрозил животите на многумина вклучувајќи го и споменатиот пејач.

Фудбалерот кој моментно настапува на позајмица во Башакшехир, влезе во физичка пресметка со пејачката ѕвезда Беркај Шахин која на крајот заврши со скршен нос. После инцидентот, Туран се појавил во болницата на Шахин и испукал неколку истрели во подот.

– Од првиот ден чекавме да се извини, но тоа не го направи – рече Сахин пред судењето во Истанбул.

Инаку, Туран нема да оди во затвор, освен во случај доколку во наредните пет години направи кривично дело. Веднаш штом се слушна за инцидентот, неговиот клуб Башакшехир го казни Туран со 2.500.000 милиони турски лири, односно 400.000 илјади евра.

Со „јорганџиите“ по еднаш ги освои „Ла Лига“, Копа дел Реј, Лига Европа и УЕФА Суперкупот, а со Барса една титула во најсилната шпанска лига, еднаш шпанскиот Суперкуп и двапати „кралскиот“ куп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот