Скоро никогаш не ја покажува во јавност: Ова е сопругата на Ѓоко Танески (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Популарниот пејач Ѓоко Танески важи за човек кој никогаш кариерата не ја градеше со помош на скандали, трачеви или лично тој да прераскажува детали од својот приватен живот.

За разлика од повеќето негови колеги од внатрешноста на Македонија, кои поради кариерата се одлучија да се преселат во главниот град, Танески го направи спротивното. Тој остана во неговиот роден Охрид каде живее мирен живот.

За неговиот приватен живиот не се знае многу. Пејачот ретко зборува за семејството, за ќерките Анастасија и Михаела, за сопругата Розе со која е веќе 13 години во брак.

Но, токму Розе е неговата најголема поддршка, но скоро никогаш не ја покажува во јавност.

Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм

Инаку Танески пред само неколку недели ја изненади публиката со неговата најнова песна, која е скроз поразлична од тоа што бевме навикнати да слушаме од него.

Се работи за песна на која како автор на текстот е токму Ѓоко, а  Николче Мицески се потпиша на музиката и аранжманот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот