Скопско лето: Програмата почнува, строго ќе се почитуваат протоколите

Според Протоколот за спроведување мерки за заштита од ковид-19 при организација на настани, донесен на 73-та седница на Владата, Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, од 6 јули почнува програмата за 41. издание на фестивалот „Скопско лето“.

По официјалното објавување на конкретните мерки, препораки, протоколи и одобренија, „Скопско лето“ почнува со концертот „Скопје во три бои“ во објектот Сули ан, во 20.30 часот. Во програмата на фестивалот се предвидени концерти, изложби, театарски претстави, филмска програма и промоции на книги.

– Притоа, строго ќе бидат почитувани мерките и протоколите издадени од здравствените и државните институции за заштита од коронавирусот: задолжително носење заштитни маски, ограничен број публика соодветно на просторот, одржување физичко растојание, дезинфекција, онлајн продажба на влезници. Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, како организатор на „Скопско лето“, има изработено соодветни протоколи за секој простор одделно. Ја замолуваме публиката за разбирање и да се придржува кон овие мерки и протоколи – потенцираат од Дирекцијата за култура и уметност.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 38, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 4-5 јули 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот