„Скопско лето“ ќе биде отворено со концерт на оркестарот „Фаме’с“ со диригентот Тимоти Редмонд

Манифестацијата „Скопско лето“ 2022 свечено ќе биде отворена со концерт на Европскиот креативен оркестар при Институтот „Фаме’с“ под диригентската палка на Тимоти Редмонд.

Традиционално, „Скопско лето“ почнува на 21 јуни, првиот ден на летото и светскиот ден на музиката. Отворањето ќе се одржи во салонот на Националната опера и балет, со почеток во 20.30 часот. Настанот е во соработка со Амбасадата на Франција, Францускиот Институт во Скопје и проектот „Фаме’с“.

Тимоти Редмонд е британски диригент кој работи на опери и концерти низ Европа и во САД. Тој е професор по диригирање на Факултетот за музика и драма „Гилдхол“, редовен гостин диригент во лондонските Симфониски и Кралски филхармониски оркестри и диригент и кокреатор на серијата концерти „My Great Orchestral Adventure™“ во „Ројал Алберт Хол“. Тој е познат како диригент на современа музика, а соработува со светски музички имиња, како Томас Адес.

Тимоти Редмонд

Оркестарот „Фаме’с“ е составен од млади и талентирани музичари од цела Европа кои престојуваат во Македонија како дел од Европскиот креативен оркестар имплементиран од Институтот „Фаме’с“, кои заедно со целиот тим на уметници, диригенти и професионални музичари работат на своите интерпретациски вештини преку мастер-часови, тренинзи и перформанси.

Концертот на Тимоти Редмонд и оркестарот на Институтот „Фаме’с“ е дел од Европската оркестарска програма за млади талентирани музичари, поддржан од програмата „Креативна Европа“, истакнаа од Дирекцијата за култура и уметност, која е организатор на „Скопско лето“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот