Скопскиот регион со најголемо учество во БДП

Раст на БДП во Европа/ Фото: Архива на Слободен Печат

Скопскиот регион има најголемо учество во бруто-домашниот производ. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека 43 отсто учество во БДП отпаѓа на Скопскиот регион, а најмало или 4,9 отсто има Североисточниот регион. Вардарскиот има учество од 7,7 отсто, Источниот 8,2, Југозападниот 8,3, Југоисточниот 9,4, Пелагонискиот 11,2 и Полошкиот 7,2 отсто.

Поголем бруто-домашен производ по жител, во споредба со просекот на Република Северна Македонија, имаат Скопскиот регион со индекс 142, Југоисточниот регион со индекс 112,2, Вардарскиот регион 104,6 и Пелагонискиот регион со индекс 101,7. Сите други региони имаат бруто-домашен производ под просекот на Република Северна Македонија.

Во 2018 година, во Република Северна Македонија се реализирани 132.387 милиони денари инвестиции во основни средства, што е за 5 отсто помалку во однос на 2017 година. Најголемо учество во вкупните бруто-инвестиции во основни средства во 2018 година и понатаму има Скопскиот регион со 52,3 отсто, додека најмало е учеството на Североисточниот регион со 3,3 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот