Скопскиот маратон и официјално одложен за пет месеци

фото:фејсбук

Една од најголемите спортски манифестации во Македонија, Скопскиот маратон очекувано поради пандемијата на коронавирусот е одложен за 4. октомври. Првично маратонот требаше да се одржи на 10 мај.

„16-то издание на Виз Ер Скопски маратон се одложува за 4 октомври 2020. Иако подготовките на организацијата на маратонот со нашите покровители, партнери и спонзори траат во текот на целата година, иако Вие тркачите исто како и ние се подготвувате за вашата омилена трка, сепак некои работи не можеме да ги контролираме во одредени ситуации, но веруваме дека на крај сите ќе излеземе победници и дека заеднички ќе ја пребродиме оваа ситуација. Заради влошувањето на ситуацијата со коронавирусот, КОВИД-19, како нај нас така и во светот, и заради почитување на мерките кои ги презема нашата Влада заедно со институциите и препораките од Светската здравствена организација, Сојузот на спортови на Скопје како организатор на Виз Ер Скопскиот маратон кој беше планиран за 10 мај 2020, донесе одлука трката да се одложи за 4 октомври 2020 година“, стои во соопштението на организаторот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот