Скопскиот дуел за Бутел, Вардар победува на крилјата на Дибиров

тимур дибиров
Русинот Тимур Дибиров, верен на Вардар 1961/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Ракометарите на Бутел со 21:19 го совладаа Металург во рамки на десеттото коло во Суперлигата.

Тимот од Автокоманда подобро го отвори натпреварот, во поголем од првото полувреме беше во предност од еден од два гола, но домаќинот со одлична игра во одбраната успеа да одмор да замине со нерешени 12:12.

Во вториот дел, одбраната го имаше главниот збор, Металург постигна само седум гола, додека Бутел два повеќе, но до победата дојде во возбудливиот финиш. Хорватне успеа да реализира пенал во финишот, а при резултат 20:19 во последните моменти од натпреварот, Митев успеа да го совлада Дупјачанец и да ја завери победата на својот тим.

Мајиќ со осум постигнати голови беше најдобар во редовите на Бутел, додека кај Металург се истакна Хорват со десет гола.

Ракометарите на Вардар по шокантниот пораз од вториот тим на Е. Пелистер, не дозволија изненадување и со 34:27 го совладаа Тиквеш. Гостите од Кавадарци се држеа во првото полувреме до 20. Минута кога имаа само еден гол негатива (11:10), по што вардарци со добра игра во одбраната направија серија 7:3 и на одмор заминаа со пет гола предност (18:13). Во второто полувреме, „црвено-црните“ рутински ја одржуваа предоста и на крајот дојдоа до деветтата победа во десеттиот натпревар во Суперлигата. Тимур Дибиров со 11 гола, од кои дури десет даде во првото полувреме беше најдобар на теренот.

Резултати:
Вардар –Тиквеш 34:27
Охрид – Прилеп 33:21
Радовиш – Е. Пелистер2 24:29
Скопје – Струга 29:32
Бутел – Металург 21:19

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот