Скопски „Водовод и канализација” потпиша Меморандум за соработка со Водовод Будимпешта

На средбата, како што соопшти претпријатието „Водовод и канализација”, присуствувал и унгарскиот амбасадорот во Скопје, Ласло Иштван Дукс.

Јавното претпријатие „Водовод и канализација” – Скопје потпиша Меморандум за соработка со Водовод Будимпешта.

Меморандумот за соработка го потпишаа генералниот директор на „Водовод и канализација” – Скопје, Душко Весковски и директорот за меѓународен развој на Водовод Будимпешта, Тамас Бенце.

На средбата, како што соопшти претпријатието „Водовод и канализација”, присуствувал и унгарскиот амбасадорот во Скопје, Ласло Иштван Дукс.

Целта на меморандумот, се вели во соопштението, е проширување на знаењето, размена на искуствата и вештини во полето на технолошкиот развој, водоснабдувањето, одржувањето и реконструкцијата на водоводната и канализациската мрежа, третманот на отпадни води, унапредување на инфраструктурата, одржување на семинари и работилници за проширување на знаењето и искуствата, како и соработка на експертско ниво во секој сегмент од оваа област.

На средбата по повод официјализирање на соработката, Весковски, Бенце, Иштван Дукс, како и останатите претставници на двете претпријатија го изразиле своето задоволство од реализацијата на оваа соработка, обврзувајќи се на заложби за унапредување и подобрување на оперативноста и услугите во насока на исполнување на потребите на своите корисници, како и во насока на заштита на водните ресурси и животната средина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот