„Скопски агол“: Општина Бутел добива поликлиника

Владата одлучи да се гради нова поликлиника во општина Бутел. Ние сме единствена општина што нема поликлиника. Амбулантата изградена во 1964 година не е доволен сервис за потребите на општината. Секоја година се зголемува бројот на жителите, рече во линковско јавување во „Скопски агол“ на „Слободна ТВ“, Велимир Смилевски, градоначалникот на општина Бутел.

-Поликлиниката во целост ќе биде сервисирана од владата и се надевам дека за брзо време почнуваме со градбата како значен фактор за жителите на Бутел. Се надевам дека брзо ќе се изгради, средствата ги имаме. Во меѓувреме со Министерствот за здравство разговараме за опциите каде додека се гради поиклиниката би се лекувале и прегледувале граѓаните- рече Велимир Смилевски, градоначалникот на општина Бутел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот