Скопската вода е безбедна за пиење

чешма

Водата за пиење во Скопје е безбедна и нејзиниот квалитет одговара со Правилникот за барања за безбедност и квалитет, информираат од јавното претпријатие „Водовод и канализација”.

Оттаму денеска соопштија дека во периодот од 20 до 24 овој месец земени се 189 примероци за физичко-хемиска и 189 примероци за микробиолошка анализа од 45 мерни места во Скопје и дека сите примероци се исправни.

– Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, велат од „Водовод и канализација”.

Неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата се објавува со цел поголема информираност на граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот