Скопје вечерва е петта најзагадена метропола во светот, Тетово како Делхи

Загадување на воздухот во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Екстремно високи нивоа на загадување на воздухот се забележуваат вечерва во Скопје, Тетово, Битола, Велес и сите поголеми градови во земјава, а нашиот главен град е на петтото место во светот според аерозагадувањето, покажува листата на веб-страницата AirIQ.

Со вредност на индексот AQI од 184, Скопје е најзагадениот град во регионов и во Европа вечерва, а пред него се само милионски градови од Бангладеш, Индија и Пакистан.

Сепак, уште „поотровен“ е воздухот вечерва во Тетово, каде индексот AQI изнесува 193, што е исто ниво на загаденост како во индискиот главен град, Делхи.

фото: AirIQ

Овој индекс ги зема предвид концентрациите на ПМ2,5 и ПМ10 честички во воздухот, како и ветерот. Слични вредности на загадување беа забележани и во изминатите денови, со промената на метеоролошките услови и појавата на магла во котлините низ цела Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот