Скопје утре повторно ќе биде блокирано

ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа протест со блокада на Владата и Министерството за надворешни работи. Тие за утре најавуват нови блокади и протести во 15 градови.

-Нема да дозволиме понижување и распродажба на државните и национални интереси, и токму затоа сите заедно сплотени, во масовен број ќе испратиме порака дека Зоран Заев и СДСМ мора да заминат час побрзо бидејќи на Македонија и донесоа само порази и неуспеси- велат оттаму.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните утре (02.12.2020) во 15:00 часот да се прикличат на блокадите пред Владата на Република Македонија и Министерството за надворешни работи, а протести ќе се оддржат и во 15 градови ширум државата, со почеток од 18:00 часот.

-Време е граѓаните на Куманово, Македонска Каменица, Пробиштип, Делчево, Пехчево, Берово, Виница, Радовиш, Валандово, Дојран, Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола и Охрид да се обединат против злото наречено Зоран Заев и СДСМ. Протест сега, за да не биде предоцна! Оставка на Заев, слобода на народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска под мотото: „Оставка на Заев, слобода на народот. Протест сега за да не биде предоцна”, одржа протест со блокада на Владата и Министерството за надворешни работи, на кој побара оставка од премиерот Зоран Заев поради како што наведуваат, тајните преговори со Софија за деблокада на пристапните преговори со ЕУ. 

ВМРО-ДПМНЕ на протест пред Влада и МНР побара оставка од премиерот Заев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот