Скопје украсено, ама само во центарот

Украсувањето во Скопје е завршено, ама голем број на градски булевари останаа без новогодишни светилки. Партизанска е украсена до пола, а на другата страна кон Кисела Вода, на булевар „Борис Трајковски“ нема никакви знаци дека доаѓа Нова година. Градоначалникот Петре Шилегов нагласува дека одлучил да го украси само централното градско подрачје, со цел да не се трошат непотребно пари.

– Украсувањето е завршено, ние во принцип го украсуваме централното градско подрачје, односно Големиот ринг. Ако почнеме да ги украсуваме сите градски улици надолжно и попреку, мислам дека непотребно ќе потрошиме премногу средства. За мене е важно дека самиот центар, местото кон кое што  гравитираат нашите граѓани изгледа навистина убаво, тоа сите може да го видиме – рече Шилегов.

Тој ги повика граѓаните вечерва да дојдат на плоштад „Македонија“ за да не ја пропуштат забавата.

– Ве повикувам вечерва сите да присуствувате на отворањето на новогодишната програма, која започнува во 17.30, а светилките на новогодишната елка ќе светнат после 19 часот – најави градоначалникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот