Скопје сè уште во новогодишен филм

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Веќе еден и пол месец сме навлезени во 2020 година, но украсувањето на метрополата остава впечаток како да сме во пресрет на Новогодишната ноќ. Иако не светат, украсите на булеварите низ Скопје, укажуваат на задоцнета реакција на Градската власт за отстранување на новогодишното украсување.

Се уште е заграден и просторот каде што беше поставена новогодишната елка. Претходно на 30 септември на оваа локација започна градежна акција за уредување на просторот пред ГТЦ, која според зборовите на градоначалникот Петре Шилегов, требаше да заврши до 13 Ноември, денот на ослободувањето на Скопје. Како што може да се види од фотографиите, реализацијата на започнатите активности значително доцни.

Фото: Слободен печат
Фото: Слободен печат

Кога скопјани да очекуваат конечно плоштадот да се ослободи од оградите прашавме во Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот