СКОПЈЕ: Регионален состанок за хередитарен ангиоедем

фото: Фејсбук

Во организација на Здружението за ретката болест хередитарен ангиоедем „ХАЕ Македонија” денеска и утре во Скопје ќе се одржи регионален состанок за хередитарен ангиоедем.

– Целта е да се идентификуваат состојбата, потребите и проблемите на пациентите со ХАЕ од регионот, да се дискутира за можностите за терапија, центрите за лекување, како и за можностите за едукација на медицинскиот персонал од овие земји. Освен тоа, на состанокот ќе се разменат искуства и информации меѓу земјите и ќе се работи на подигање на свеста и мотивирање на самите пациенти и доктори кои се борат со хередитарниот ангиоедем. Исто така, ќе стане збор и за соработката што може да ја остварат пациентите и докторите, како и за позитивните резултати кои може да произлезат притоа, соопштија од „ХАЕ Македонија”.

Состанокот е поддржан од меѓународната организација на пациенти со хередитарен ангиоедем (ХАЕ) и од неколку фармацевтски компании.

Предавачи на состанокот ќе бидат професор д-р Марк Рaидeл од Соединетите Американски Држави и професор д-р Хенриета Фаркаш од Унгарија, кои ќе зборуваат за тековните третмани, но и за идните пристапи кон лечење на ХАЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот