СКОПЈЕ НИКАКО ДА СТАНЕ ВЕЛОГРАД: Шилегов даде нов рок, 2021 година

Изградени велосипедски патеки во должина од 14,6 километри, конектори кои ги поврзуваат велосипедските патеки и овозможување на велосипедско поврзување на Голем ринг се дел од активностите кои Град Скопје ги презел изминатиов двегодишен период за подобрување на велосипедската мрежа во градот.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, денеска истакна дека редовно се преземаат чекори кои ќе придонесат за поголема мобилност на населението.

Во најава, како што кажа Шилегов, е изградба на нови 16 км велосипедски патеки, како и изградба на вело патеки и на улица „Благоја Стефковски“ во Маџари, на булевар „АСНОМ“ како и на „Х.Т. Карпош“.

– За две години Скопје ќе биде велоград. Оваа година градиме и реконструираме нови велосипедски патеки во должина од 16 километри. Изградивме и реконаструиравме велосипедски патеки и велосипедски ленти на улиците „Московска”, „4 Јули”, „Даме Груев”, булевар „Србија – истакна Шилегов и потсети:

Прочитајте и...  Министрите за здравство ќе одржат состанок во Рим за сузбивање на коронавирусот

– Издвоивме 12 милиони денари со што на 4.000 граѓани им го субвенциониравме купувањето велосипед. Дополнително, субвенциониравме и купување електрични тротинети. Безбедноста на велосипедистите ја подобривме со поставување заштитни столбчиња, и веќе може да се забележи дека нема паркирани возила пред Министерство за правда, на Бит пазар, и на улица „Максим Горки“ – објасни Шилегов.

Но, Скопје веќе одамна требаше да биде велоград. Уште во мандатот на претходниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски на скопјани им се ветуваше овој проект кој треба да го растерети сообраќајот во метрополата. Проектот Скопје велоград започна во 2014 година, и според тогашните предвидувања, истиот требаше да финишира во 2017 година.

Денеска, Шилегов реализацијата на проектот ја одложи на уште две години.

Прочитајте и...  Трамп: Ниту сакам да ми помогне, ниту ми помогнала некоја земја да победам на изборите

Во рамки на велосипедскиот план 2019- 2021 година, се предвидува подобрување на целокупната велосипедска инфраструктура, која според кажаното, ќе опфати воведување на зона на смирен сообраќај, со која би требало до 2021 година смртните случаи на велосипедистите да се сведат на нула. Исто така, планирано е воведување на денови без автомобили, како и овозможување на постојана велосипедска мрежа.

Велосипедизмот во Скопје има голем потенцијал. Поволните временски услови и температурата на воздухот преку целата година на велосипедистите им овозможуваат непречено користење на ова алтернативно превозно средство, рече денеска Даниел Павлевски, од секторот за сообраќај на Град Скопје, и ги повика граѓаните со употреба на велосипедите и електричните тротинети да дадат придонес во борбата против загадувањето.

Прочитајте и...  Сè што треба да знаете за купување и ракување со плински боци во домаќинство

Прочитај повеќе

Патничка од Милано се тестира на Инфективна клиника за коронавирус, резултати за 4 часа

Слободен печат

Коронавирусот удри по најбогатите: Најголемите бизнисмени за само еден ден загубија 120 милијарди евра

Слободен печат

Примирјето во Авганистан и понатаму се почитува, можен историски договор со талибанците

Слободен печат

Листата секојдневно се зголемува: Ова се државите во кои е потврден коронавирусот

Слободен печат

Не е некултурен, само внимателен: Нетанјаху повеќе не се ракува со поддржувачите

Слободен печат

Барние: Преговорите со Лондон почнуваат на втори март

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Косово: Ниту денешните сомнителни случаи не се заразени со коронавирус

Слободен печат

Трамп не сакаше да одговори што мисли за контроверзниот закон на Моди

Слободен печат

Демократските кандидати за претседател на САД на нова дебата во Јужна Каролина

Слободен печат

Сè што треба да знаете за купување и ракување со плински боци во домаќинство

Заврши психијатриското вештачење на Малчанскиот бербер: „Мирен е и во затворот не прави никакви проблеми“

Слободен печат

„Блиц“: Советот на Европа го дематираше Ѓукановиќ за Законот за вероисповед

Слободен печат