Уште седум дена до отворањето на првиот Retail Park во Македонија

Скопје на 18 jули ќе го добие својот прв Retail Park – POINT Retail Park. Станува збор за лесен начин на пазарување на принцип Stop & Shop презентиран и кај нас.

По повод отворањето предвидени се голем број на забавни активности како  за најмладите така и за повозрасните. Големи акции, попусти и Late Night Shopping.

Забавата е предвидено да започне за најмладите уште во 12 часот со песни и забава, а ќе можат да уживаат во убави песни, фотографирајќи се со омилените картолини и да играат на професионалните играчки за деца кои ќе бидат поставени за нив.

Од 19 часот е предвидено и свеченото отворање на Point Retail Park каде се очекуваат голем број на луѓе и гости. Сите посетители во Point Retail Park ќе можат да уживаат во шопинг на познати брендови како LC Waikiki, Sport Vision, KFC, JYSK, NEPTUN, Зегин, Сара Фешн, LTB, Шатци парфимерии, Спортекс, КРШ, Д Спортска опрема и други. Во склоп на Point Retail Park ќе има и ексклузивен ресторан, супермаркет КИТ-ГО, игрoтeка и продавница за деца на површина од 2500 м2.  Point Retail Park се простира на површина од 9500 м2 и ќе има 300 паркинг места.

Паркот ќе биде лоциран во општина Чаир, кај поранешната фабрика Типо.

Инвеститор на Point Retail Park  е компанијата Али Тобако.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот