Скопје изгуби херој: Почина Нуредин Мустафа, командир на противпожарната бригада на Град Скопје

Почина Нуредин Мустафа, командир на противпожарната бригада на Град Скопје, а меѓу првите коишто ја споделија оваа тажна вест беа неговите колеги.

– Со огромно жалење и болка денес Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје изгуби професионалец, другар и колега. Почивај во мир, Нуредин Мустафа. Делата ќе останат, нема да те заборавиме, стои во објавата на противпожарната бригада на Град Скопје.

Од Мустафа се прости и градскиот татко, Петре Шилегов.

– Град Скопје денеска изгуби херој, пријател и колега. Прерано заврши животот на скопскиот пожарникар Нуредин Мустафа кој безрезервно и пожртвувано секогаш се бореше да помогне во спасувањето на животи. Почитуваниот Нуредин беше и дел од пожарникарската екипа што Град Скопје како помош ја испрати во Драч, Албанија веднаш после катастрофалниот земјотрес. Нека почива во мир, длабоко и искрено сочувство до неговото семејство, пријателите и соработниците, напиша Шилегов на својата Фејсбук страница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот