Скопје го има најсмешниот гол во ракометната ЛШ! (ВИДЕО)

фото: rkvardar.mk

Комичен момент се случи на натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ помеѓу екипите на Вардар и Мешков Брест, на некој начин беше измамен Гедбан..

Поради пандемијата на коронавирусот еврокуповите под капата на ЕХФ се прекинати, а веќе дел од националните ракометни шампионати во Европа одлучија за предвремено завршување на сезоната.

Европската ракометна федерација ги објави најсмешните голови во машката и женската ракометна Лига на шампионите од оваа сезона 2019/2020.

На првото место во изборот на Европската ракометна федерација се наоѓа босанскиот ракометар Марко Паниќ. Овој гол се случи во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје помеѓу екипите на Вардар и Мешков Брест.

Идејата на десниот бек Паниќ беше да додаде до својот соиграч, кој не ја фати топката, и на некој начин беше измамен голманот на „црвено-црните“, Калифа Гедбан.

Потсетување дека Фајнал-фор турнирот во Келн во рамките од ЛШ поради тековната пандемија Ковид-19, ќе се одржи во периодот од 28-29 декември 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот