Скопје домаќин на состанокот за националните архиви од поранешна СФРЈ

Скопје, Македонија / Фото: Pexels/Tamas Marton

Директорите на националните архиви од државните сукцесори од поранешната СФРЈ овластени од своите влади за спроведување на Анекс Д од Спогодбата за сукцесија, која се однесува на заедничкото архивско наследство од поранешна СФРЈ денеска ќе одржат состанок во Скопје.

Ќе бидат анализирани досегашните резултати и можностите за дигитализација на нашето заедничко архивско наследство, како и наоѓање можности за финансирање заеднички проект за дигитализација.

Директорот на Државниот архив, Емил Крстески, е именуван од Владата на Република Северна Македонија за овластен претставник во Заедничкиот комитет за сукцесија за архивите, а притоа воедно е домаќин на настанот. На состанокот ќе присуствува претставник на Министерството за надворешни работи.

Во 2001 година беше потпишана Спогодбата за прашањата за сукцесијата на поранешната СФРЈ, која влезе во сила три години потоа. Прв заеднички состанок на директорите на националните архиви од државите сукцесори на поранешна СФРЈ е одржан во 2011 година во Белград. Анексот Д од Спогодбата предвидува дека дел од државниот архивски материјал на СФРЈ треба да ѝ припадне во оригинал на Република Северна Македонија. Примената на овој Анекс што се однесува на заедничкото архивско наследство е од стратешко значење за државата.

Директорите на националните архиви од државните сукцесори од поранешната СФРЈ овластени од своите влади за спроведување на Анекс Д од Спогодбата за сукцесија, која се однесува на заедничкото архивско наследство од поранешна СФРЈ денеска ќе одржат состанок во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот