Скопје денеска со посебен сообраќаен режим

Фото: Слободен печат

Поради најавен протест денеска од 15 часот до завршување,  во централното подрачје на град Скопје, ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим, информираат од СВР Скопје.

– Затворени за сообраќај од 15:00 часот до завршување на протестот, ќе бидат следните улици: ул. „Кирил и Методиј”, бул.„Св.Климент Охридски”, ул.„Димитрие Чуповски”, ул.„11-ти Октомври”, ул.„Македонија” и ул.„Даме Груев”, а сообраќајот ќе биде пренасочен по бул.„Кочо Рацин”, бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов”, бул.„Партизански Одреди”, ул.„Павел Шатев”, ул.„Антон Попов” и други околни сообраќајници, информираат од МВР.

Од СВР Скопје апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Протестот, како што информираат од СВР Скопје, е најавен и треба да почне во 17:00 часот пред зградата на ЕУ на бул.„Климент Охридски” и ќе продолжи по бул.„Св.Климент Охридски”, ул.„Димитрие Чуповски” до пред Собрание на Република Северна Македонија.

Минатата недела повеќе македонски здруженија најавија дека ќе учествуваат на протест против, како што велат, омаловажување на македонскиот национален идентитет и достоинство. Повик за семакедонски собир пред канцеларијата на Европската Унија испрати и владиката Агатангел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот