Скопјанка вооружена со тврд предмет нападнала сограѓанин

фото: илустрација / Pixabay

Жена од Скопје, која имала тврд предмет, нападнала свој сограѓанин во населбата Гази Баба, соопшти МВР.

„На 24.07.2022 во 11.00 часот во СВР Скопје, С.Џ.(53) од Скопје пријавил дека околу 10.00 часот на ул.„Вера Радосавлевиќ” на подрачјето на Гази Баба, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од едно женско лице со тврд предмет“, велат од полицијата.

Се работи на расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот